Работно време за државниот празник Рамазан Бајрам
Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека на денот на државниот празник Рамазан Бајрам 20.03.2026, петок,, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.
Редовна наплата ќе се врши на:
- Зона А0- Водно,
- Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и
- Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза.
Исто така, ЈП Градски паркинг- Скопје на сите припадници на исламска вероисповед им го честита празникот Рамазан Бајрам, со желби за добро здравје, мир и благосостојба.