Известување за зимно работно време на јавните површини наменети за паркирање- зонско
Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува сите граѓани дека од 1.10.2025 (среда) започнува зимно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање- зонско со кои стопанисува ЈП Градски паркинг- Скопје. Работното време во зоните А, Б, Ц ќе биде:
- Од понеделник до петок: 07:00- 21:00 часот,
- Сабота: од 07:00-14:00 часот.
На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува непроменето, односно:
- Од понеденик до сабота: од 07:00- 23:00 часот.
Исто така, им препорачуваме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време.