Известување за работно време

Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека во пресрет најголемиот Христијански празник Велигден, на јавните површини наменети за паркирање- зонско, со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ - Скопје нема да се врши наплата во недела 20.4.2025 и понеделник 21.4.2025.

Исто така, наплата нема да се врши и на јавните паркиралишта: Тутунски комбинат, Зоил и 8 Септември.

Редовна наплата ќе се врши на:

-          Зона А0 Водно,

-          Катните гаражи: „Беко“ и „26 Јули“

-          Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и клинички центар Мајка Тереза.

ЈП „Градски паркинг“ - Скопје на сите верници од православна вероисповед им ги честита Велигденските празници со христијанскиот поздрав „Христос Воскресе!“