ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ОД СЕКТОР ПАЈАК: ШЛЕП СЛУЖБА И ПОВИК ОД ТРЕТО ЛИЦЕ

ЈП Градски паркинг- Скопје, ги информира граѓаните дека Секторот пајак, покрај основната дејност за преместување на непрописно паркирани возила со своите 8  специјални возила пајак, поседува и едно шлеп возило. 

Услугата „Шлеп служба“ е наменета за транспорт на оштетени возила и возила во дефект, а делува на општински и локални патишта на територија на Град Скопје. 

Цените на услугата „Шлеп служба“ за транспорт на возило до 40км се:

- Патничко моторно возило - 1000 ден 

- Возило над 2т- - 1500 ден

- Доплата за секој надминат километар изнесува 30ден по км. 

Исто така, известуваме дека Секторот пајак нуди услуга „Повик од трето лице“, т.е.  им стои на располагање на граѓаните секогаш кога имаат потреба од преместување на возила од една до друга локација, на територија на општините на Град Скопје. За таа услуга, потребно е граѓаните да се јават во депото на Сектор пајак и да ги наведат потребните податоци:

- локација за транспорт на возило/а: од-до, 

- регистрација на возило/а и 

- лице за контакт. 

Цените за услугата се: - транспорт до 10 возила: 1000 ден. по возило, а секое наредно возило: 800 ден.

За наведените услуги граѓаните може да се обратат на телефонскиот број: 02 3 246 51 56,од понеделник- сабота, во период од  08:00-22:00ч