Работно време за Велигденските празници
Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека во пресрет на најголемиот Христијански празник Велигден, на јавните површини наменети за паркирање- зонко, со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ - Скопје нема да се врши наплата во недела 12.4.2026 и понеделник 13.4.2026.
Исто така, наплата нема да се врши и на јавните паркиралишта: Зоил и 8 Септември.
Редовна наплата ќе се врши на:
- Зона А0 Водно,
- Катните гаражи: „Беко“ и „26 Јули“
- Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и клинички центар Мајка Тереза.
ЈП „Градски паркинг“ - Скопје на сите верници од православна вероисповед им ги честита Велигденските празници со христијанскиот поздрав „Христос Воскресе!“