ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНА НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ
Јавното претпријатие Градски Паркинг-Скопје ги известува сите граѓани дека од 01.10.2019 година
започнува зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање
со кои стопанисува претпријатието.
Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде:
• од понеделник до петок од 07:00 до 21:00 часот
• во сабота од 07:00 до 14:00 часот
Работното време во зона Д ќе биде:
• од понеделник до сабота од 07:00 до 23:00 часот