Електровелосипеди

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува сите граѓани дека и оваа година претпријатието, во соработка со основачот Град Скопје, реализираше активности за подобрување на проектот „Скопје изнајми велосипед“. За таа цел оваа пролет официјално ќе се пуштат во употреба ново набавените електо велосипеди како и сите 250 велосипеди со кои располага претпријатието. Градски паркинг за сезоната која ни предстои набави 10 електро велосипеди со што се зголеми и обнови возниот парк.

Целта на претпријатието, со имплементација на проектот „Скопје изнајми велосипед“, е да ја подигне еко свеста на граѓаните  што ќе придонесе до промена на нивните навики. Велосипедите може да се употребуваат како алтернативно превозно средство, особено во централното градско подрачје,  што значи намалување на нивото на штетни гасови  во воздухот, а резултатот е почиста животна околина. Исто така, електро велосипедите се добра можност за исполнување на рекреативни и туристички цели на граѓаните. Од една страна, со електровелосипедите се овозможува зголемена мобилност на граѓаните и посетителите на Скопје, како и достапност до сите знаменитости на територија на главниот град кои се од култорно-историско значење, а од друга страна, ќе можат да изнајмат велосипед и да уживаат во дружбата со најблиските и пријателите.

Електровелосипедите ќе бидат доспапни само на една локација, на плоштад „Македонија“, каде и задолжително е да бидат вратени по истекот на времето за изнајмување, а велосипедите ќе може да се изнајмат од веќе добро познатите локации: на јавното паркиралиште Треска, на јавното паркиралиште Градска болница, на јавното паркиралиште Општа Градска болница „8ми Септември“, во Општина Аеродром на зона D3 позади Трговскиот Центар Бисер, но во сезоната 2014 ќе бидат достапни и на нова локација во состав на катната гаража Св„Кирил и Методиј“. 

Деталите околу цената и условите за изнајмување на електровелосипедите ќе бидат дополнително објавени на нашата веб страна.