ЈП “Градски Паркинг” - Скопје посветено работи во насока на заштита и овозможување подобри услови и услуги за лицата со хендикеп

Полио плус-движење против хендикеп во соработка со Град Скопје на ден 23.06.2022 година одржа работилница за општинската администрација и преставниците на Јавните претпријатија меѓу кои и претставници на ЈП Градски паркинг Скопје во рамките на проектот ,,Инклузивни политики и знаења”. Стекнатите сознанија за Конвенцијата за правата на лицата со хедикеп во поглед на обезбедување пристапна и достапна средина треба да придонесат до унапредување на предлог мерките во програмите и нивното усогласување со Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп на секоја институција. На работилницата беше презентирана Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп –модел кој е заснован на човековите права, правото на пристап и културна идентификација со соодветно приспособување и стандарди на универзален дизајн како и анализи на постоечките програми во поглед на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.Во рамките на денешните активности се зборуваше за начинот на обезбедување на пристапноста, кои се клучните елементи на пристапноста како и промените коишто се неопходни за да се обезбеди пристапноста, системски пристап, соодветно приспособување, индивидуален пристап, процедури и временски рок за остварување на правата на лицата со хендикеп.Од Полио плус истакнаа дека потребно е институциите да ги унапредат и да ги подобрат своите структури и програми , внатрешна култура и нивно усогласување со обврските од Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп, што ќе создаде поголема и поотворена овозможувачка институционална средина за идните вработени со хендикеп во јавните претпријатија.

Директорот на ЈП “Градски паркинг” - Скопје, Бојан Христовски истакна дека не терен се зголемени контролите и казните за оние кои непрописно паркираат на обележани места за лица со хендикеп, паркинг местата кои се со специјална намена токму за оваа категорија на лица со хендикеп се слободни и се овозможуваат подобри услови за истите и на тој начин и понатаму ќе се продолжи со работа, а во интерес на оваа категорија на лица, лица со хендикеп.

Повеќе информации и видео запис од настанот можете да погледнете тука