18.06.2025
Известување за ажурирање на податоците на Договорите за услуги на ЈП „Градски паркинг“- Скопје за катна гаража „Беко“
повеќе...
05.05.2024
ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА
ЈП Градски Паркинг на граѓаните од православната вероисповед им го честита големиот христијански празник Велигден со желби за мир и спокој во семејството, сплотеност, изобилие од среќа и долго здравје!
повеќе...
30.04.2024
Известување за работно време за 1 Мај и Велигден
Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека во пресрет на Меѓународниот ден на трудот 1 Мај и најголемиот Христијански празник Велигден, на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ - Скопје нема да се врши наплата во среда 1.5.2024 и понеделник 6.5.2024.
повеќе...
30.04.2024
Канцеларија Карпош на нова локација
Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека ЈП „Градски паркинг“- Скопје ќе изврши промена на локацијата на работните простории на претпријатието што се наоѓаат на територија на општина Карпош.
повеќе...
23.04.2024
РАБОТНО ВРЕМЕ НА ПАРКИРАЛИШТАТА СО КОИ СТОПАНИСУВА ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“- СКОПЈЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ИЗБОРИ НА 24.4.2024
Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека следејќи ја одлуката на Владата на РСМ за прогласување на 24 април, 2024 год. за неработен ден поради непречено одржување на политичките избори за избор на претседател на државата, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, во среда, 24.4.2024 нема да се врши наплата.
повеќе...
09.04.2024
Работно време на ЈП „Градски паркинг“- Скопје за празникот Рамазан Бајрам
Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека на денот на празникот Рамазан Бајрам 10.4.2024, среда, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.
повеќе...
25.03.2024
Ново работно време во канцеларии Аеродмор и Карпош
Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека ЈП „Градски паркинг“- Скопје врши промена на работното време на административните канцеларии во подрачјето на општините Карпош и Аеродром.
повеќе...
13.03.2024
ЈП „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“ – СКОПЈЕ ЌЕ ОРГАНИЗИРА ОТВОРЕН ДЕН ВО КАНЦЕЛАРИЈА КАРПОШ
Земајќи го во предвид фактот за зголемениот интерес кај граѓаните за започнатото зонско паркирање на територија на Општина Карпош, а во рамки на активностите за транспарентност кон граѓаните и корисниците на паркинг услугите,
ЈП „Градски паркинг” – Скопје организира „Отворен ден“ во просториите на канцеларија Карпош, лоцирана на ул. „Дрезденска“ бр. 15/3.
повеќе...
11.03.2024
Начини за наплата на услугата паркирање на зонско на ЈП „Градски паркинг“- Скопје
При користење на паркинг услугите на зонско за час паркирање, ЈП „Градски паркинг“- Скопје, на своите корисници им нуди можност за наплата на услугата преку повеќе начини на наплата.
повеќе...
Почитувани граѓани,
Како јавно претпријатие кое работи во служба на граѓаните, ја поздравуваме одлуката донесена во координација со Општина Аеродром и Градот Скопје, која директно произлегува од реакциите и потребите на граѓаните на Општина Аеродром. Во таа насока, останува да важи правилото: секој корисник на станарска дозвола ќе има право да се паркира на сите зони на територија на општината без надомест, како што беше претходно најавено.
ЈП „Градски паркинг“ останува општествено одговорно претпријатие – ги слушаме граѓаните, постапуваме транспарентно и носиме решенија кои обезбедуваат фер, достапно и функционално паркирање за сите.
Продолжуваме со уредување на паркинг-просторот, проширување на капацитетите и воведување на дигитални услуги, со цел подобар квалитет на живот во нашето Скопје.
Исто така, како што најави Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, во тек е подготовка за воведување на нова зона за паркирање во Ново Лисиче, каде ќе се обезбедат вкупно 2719 паркинг места. Повеќе информации на линкот.
Ви благодариме за довербата.