8.10.2025
ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ОД 1 НОЕМВРИ МОЖАТ ДА ПОДНЕСАТ БАРАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОВЛАСТЕНИ ПАРКИНГ УСЛУГИ ЗА КАЛЕНДАРСКАТА 2026 ГОДИНА
Јавното претпријатије за јавни паркиралишта ГРАДСКИ ПАРКИНГ-Скопје, согласно законските одредби на лицата со попреченост им овозможува повластени услови за користење на паркинг услугите.
Претпријатието во моментов е во процедура на прибирање на барања од страна на лица со попреченост за користење на повластени паркинг услуги за календарската 2026 година.
За таа цел ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ-Скопје формираше Комисија која е надлежна за разгледување на доставени барања и нивно евентуално одобрување.
Се повикуваат сите лица со попреченост (жители на Град Скопје), заинтересирани за добивање на повластени паркинг услуги во периодот од 01.11.2025 - 01.12.2025 година до ЈП Градски Паркинг-Скопје, лично да достават уредно пополнето барање или барањето да го пополнат во канцеларијата на ЈП Градски Паркинг-Скопје на ул.Ѓуро Стругар бр.15 а, и во прилог да ги достават следниве документи:
- Копија од важечка сообраќајна дозвола со кое се утврдува дека возилото е регистрирано,
- Лична карта на увид од лицето со посебни попреченост,
- Инвалидска книшка на увид,
- Потврда од матичен лекар со точно наведена дијагноза во оригинал , не постара од 1(еден) месец,
- ПИОМ Решение за степен на телесно оштетување на увид,
- Лекарски наод од специјалист на увид,
Согласно Програмата за повластено користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП Градски паркинг-Скопје од страна на лица со попреченост за 2026 година, право за повластено користење на паркинг услуга, во оваа Програма, имаат:
Лицата со попреченост кои имаат некоја од следниве дијагнози:
- Лица заболени од дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа, (полиомилитис), слепите лица со оштетување на видот над 90%, лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80% утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.
Документите да се достават во канцеларијата на ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ-Скопје, на ул.Ѓуро Стругар 15а. Дополнителни информации можат да се добијат на тел.3215-566 лок. 201, 203, 206 и 210 кај референтите за кориснички односи Христинка Зарева, Марина Здравевска и Љупчо Продановски.
ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ-Скопје