Директорот Христовски оствари средба со Претседателот на Здружението „Храбро Срце“

 

  Имајќи ја во преден план грижата за корисниците и целта да им овозможиме подобри паркинг услуги на сите,

  а особено на лицата со попреченост,  денес,  Директорот на ЈП Градски паркинг- Скопје оствари средба со

  Васко Јолески, Претседател на „Храбро Срце“- Национално здружение на  пациенти со механичка

  циркулаторна потпора (пумпа) на срце.

   До Директорот Христовски беше доставено  барање за бесплатно паркирање на паркиралиштата

  со кои стопанисува претпријатието за членовите  на здружението, врз основа на можноста за

  бесплатно паркирање за лицата со попреченост. ЈП Градски паркинг- Скопје секоја година издава дозволи

  за повластено паркирање за лицата со попреченост. Оваа година се издадени 732 дозволи,

   исклучиво за жителите на општините на Градот Скопје,  за што претпријатието има

   целосна поддршка од Град Скопје.

  Директорот Христовски смета дека на сите граѓани на Македонија кои припаѓаат на групата

  „лица со попреченост“ треба да им се овозможи бесплатно паркирање на паркиралиштата со кои стопанисува

  Градски паркинг- Скопје. Тие се осетлива категорија граѓани и апелира до сите институции

  да се грижат за нивното добро. Ние, како претпријатие, ќе ги разгледаме можностите и

  условите за да им овозможиме бесплатно паркирање на лицата со попреченост

  од цела Македонија.