|
|
|
ЈП „Градски паркинг“ ги информира корисниците на своите услуги дека отвори бесплатна телефонска линија 0800-11300 на која можат да се пријават неправилности, поплаки и сугестии во врска со дејноста што ја обавува претпријатието паркирање и пајак, односно за сите услуги кои се во надлежност на ЈП. Телефонската линија ќе биде отворена секојдневно 24 часа. Повиците ќе се регистрираат на телефонска секретарка по што надлежните ќе реагираат на пријавената ситуација. Претпријатието одлучи да овозможи ваков начин на комуникација со корисниците на своите услуги со цел да се надминат евентуалните проблеми а истовремено да се подобри и квалитетот на услугите што се во надлежност на ЈП „Градски паркинг“
 |
|
ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ- СКОПЈЕ ЈП Градски Паркинг- Скопје е јавно претпријатие формирано од Град Скопје. Постои со цел да го организира паркирањето, да управува, уредува и одржува паркинг места во градот. |
|
|
|
|
Согласно Проектот за зонско паркирање во градот Скопје, во склоп на третата, зелена, Ц зона, уредени и оспособени се нови подзони во Населба Дебар Маало. |
ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ За време на зимскиот период работното време на А, Б и Ц јавни површини на кои се применува зонското паркирање ќе се промени и ќе се одвива од Понеделник до Петок од 07:00 до 21:00 часот, сабота од 07 :00 до 14:00 часот. Работното време на Д јавни површини на кои се применува зонско паркирање ке се примени и ке се одвива од понеделник до сабота од 07: 00 до 23: 00 часот. Оваа измена на работното време се организира единствено за време на зимските месеци односно, ќе започне да се применува од Вторник, 01 Ноември 2011 година. Останатите денови, Недела како и државните празници остануваат неработни денови. Оваа промена, Јавното Претпријатие ја спроведе и изминатата година.
|
|
|